Mентор и коуч за личен бренд и онлајн бизнис
Се трудев да се вклопам, да не бидам премногу, да не се издвојувам, да не бидам „гласна“ или „различна“. Но токму тоа ми ја згасна самодовербата зошто уште како дете не можев да бидам тоа што навистина сум. Бев често посрамувана и осудувана заради мојата автентичност. Растев со чувство на неадекватност и постојано се трудев да се вклопам. Со текот на времето, сфатив колку е важно и храбро да застанеш зад себе и да живееш во склад со своите вредности. Да бидеш таа што си без срам и без страв.
И токму тоа е причината зошто денес сум ментор и коуч за личен бренд.
Затоа што знам колку е моќно кога една жена конечно се пројавува автентично, гласно и со самодоверба и од тоа создава бизнис.
Но, ајде да почнеме од почеток. Како успешна студентка и професионалец во областа на сметководство и ревизија стана ментор за жени во онлајн бизнис?
Бев одлична ученичка, примерен студент, магистер по финансии, вработена во интернационални компании и успешна во корпоративниот свет. Сѐ беше „by the book“ се до моментот кога станав мајка. Мајчинството ми го смени светот, приоритетите ми се сменија, како го планирам времето се смени.
Сфатив дека сакам да бидам присутна за своето дете, но и дека имам уште многу што можам да дадам на светот надвор од ексел табелите и финансиските извештаи.
Почнав да се прашувам:
Социјалните мрежи ми станаа алатка за слобода и сцена за мојата мисија. Започнав да споделувам на почетокот од потреба за поврзување со други мајки кои размислуваат на сличен начин, потоа почнав и да едуцирам, да инспирирам и чекор по чекор, го изградив мојот бренд, мојата заедница и мојот бизнис. Паралелно со сите бизнис обуки, се едуцирав и како коуч, бидејќи сфатив дека знаењето за бизнисот само по себе не е доволно. На патот до станување претприемач и до видливост онлајн, кај многу жени се отвораат стравови, сомнежи, срам, чувство на недоволност.
Моја работа како ментор и коуч е не само да ти помогнам да го изградиш твојот бизнис, туку и да ти покажам дека е многу поважно која ќе станеш ти во целиот тој процес и да те поддржам во истото.
Еден од најчестите коментари е дека сум им ветер во грб (или слични варијации како “сонце што ме грее” и “турни ме да книсам”) Не само што сум најголема поддршка и верувам во нивните идеи и тогаш кога ни самите не веруваат, туку и без осудување и со целосно прифаќање ги слушам.
Делејки го моето лично искуство и пат клиентите наоѓаат точки на препознавање со кои лесно се поврзуваат со мене. На тој начин полесно стекнуваат доверба и најотворено и искрено споделуваат нешта кои не би ги споделиле на друго место.
Скоро секогаш вредноста што ја давам ја надминува цената на услугата. Во се’ што правам сакам да испорачам над ветеното. Да ги изненадам, да знаат дека посебни, да го имаат она чувство на возбуда коа инвестираат во некоја од моите услуги.
Максимално сум посветена и достапна на клиентите со кои работам, ја следам нивната работа, активно давам feedback но и кога не сум во контакт со нив постојано размислувам за нивните конкретни случаи и подоцна им предалагам идеи и чекори.
Многу несовршени чекори, многу грешки кои ме донесоа на вистинскиот пат, многу воља за да се прилагодам по патот и да кажам ДА на оние скалила на кои беше многу тешко да се искачам, но ме повикуваа на раст. Затоа денес можам да бидам ментор каков што сум. Затоа денес ги разбирам сезоните на животот и бизнисот на моите клиентки и градењето на личен бренд и квалитетно приуство на социјални мрежи. Затоа денес можам да бидам мост за некој да стигне тука побрзо.
Еве како изгледаа последните 7 години за мене.
Почнав да се појавуам на Инстаграм во улога на (мама) инфлуенсер, да делам детали од бременоста, породувањето, првите денови од мајчинството.
Една идеја не ми излегуваше од глава. Идеја да започнам платформа за родителство. Истражував, планирав, пишував, се вмрежував, имав состанцои, запознавав луѓе, правев планови. Започнав лајв поткаст.
Откако забележав дека имам огромна заедница од 10к следбеници решив да започнав Newsletter за споделување искуство со личен развој и во првата недела добив 750 претплатници. Снимив 12 поткаст епизоди во форма на Инстаграм лајв интервјуа со жени од најразлични области во личниот развој и родителството. Следејки ја идејата за платформата за родителство, основав невладина организација и ја организирав првата онлајн Конференција за свесно родителство со 700+ учесници. Креирав и планер и дневник за мајки.
Ја започнав годината со прв самостоен вебинар за оптимизација на Инстаграм и Facebook а потоа ја организирав и втората конференција за свесно родителство со 1000+ учесници. Наизглед толку многу различни расфрлани интереси, со тек на време почнаа да ми добиваат смисла. Со тек на време, работата на себе, учењето и вложувањето во себе почнаа да се поврзуваат во една логична целина. Сето тоа всушност беше израз на мојата повеќеслојност. Делчиња што на прв поглед изгледаа неповрзано, се составија во мозаик кој ми стануваше сè попривлечен. Низ континуирано преземање акции, на средината на 2023 донесов одлука да се фокусирам на моите таленти, искуства и знаења и истите да ги продлабочам со неколку големи инвестиции во себе. Годината ја завршив со креирање бесплатен вебинар на тема Објави кои резонираат, и со објавување на мојата прва авторска програма "Креирај содржина во склад со себе", во која првата група се пополни скоро без никаква промоција од жени кои веќе долго време ја следат мојата работа.
Програмата веќе има 4 полни групи, нејзината цена и вредност континуирано расте, организирав 5 вебинари на теми како лично брендирање, лансирање, продажба, newsletter, почнав да работам иднивидуални консултации, бев speaker на конференција за лидерство каде зборував на тема Личен бренд, почнав конечно да остварувам редовни приходи од мојот "мал side hustle"....... Се што заработував во овие две години целосно го инвестирам во најдобрите бизнис програм и ментори од целиот балкан и во коучинг серитификација.
До денес имам работено со +150 клиентки преку моите програми и индивидуални консултации. Континуираното зголемување на приходите ми овозможува делегирање и ширење на тимот и вложување во корисничко искуство. Што е следно? Онлајн Бизнис Академија во склад со себе. Мојот најнов проект. Мојот бизнис отсекогаш растел заедно со мене. Секогаш бил одраз на тоа во која фаза сум јас како жена, мајка и креатор. И сега кога повторно сум во нова фаза и тоа онаа во која сум најмногу потребна дома, најмногу со себе, најмногу со семејството и најмногу со моето трето бебе, се одлучив за нов начин на работа, нов облик на поддршка на жените со бизниси, и нов формат на мојата понуда. По месеци подготовка, размислување, анализа, тестирање и собирање сè што знам од последниве 7 години на едно место конечно ја отворив мојата нова Онлајн бизнис АКАДЕМИЈА во склад со себе. Сигурна сум дека ќе биде возбудливо.
Силно се залагам за живот со мисија, за 100% автентичност и ги охрабрувам и оние кои што се мултипотенцијалисти, односно имаат повеќе различни таленти да ја искористат својата уникатна комбинација на таленти во своја најголема корист. Се борам против живот без мисија, лажно совршенство и вкалапување во општествените норми. Најмногу зборувам за автентичен личен бренд, за креирање на содржина за бизниси и лични брендови во склад со нив.
Ако и ти си подготвена да тргнеш во една таква авантура за себе, за твојот личен бренд или бизнис на вистинското место си!
Еве како можеме да работиме заедно:
Длабока, персонализирана поддршка за твојот бизнис. Работиме заедно на твојата стратегија, понуди, комуникација и продажба целосно прилагодено на твоите цели и визија. Ограничен број на клиентки. Приватното менторирање го обликувам според потребите на секоја од клиентките.
Пиши миСè што ти треба за да изградиш стабилен и профитабилен онлајн бизнис. Шест јасни модули + бонуси, со флексибилен пристап и неограничена достапност. Создадена за жени кои сакаат да заработуваат онлајн во склад со себе.
Почни веднашВебинари, курсеви и програми за конкретни теми како продажба, содржина, брендирање, стратегија. Совршени ако сакаш брз и фокусиран напредок, со веднаш применливи алатки.
Пријави сеОстанати активности и референци:
"10XMASTERMIND" 6 месечен интезивен групен програм за скалирање на бизнисот кај бизнис менторката Теа Завацки од Хрватска, 2024
Професионален Системски Coaching - едногодишна програма за coaching сертификација кај мастер тренер и системски coach Марина Анчевска, 2024
"MASTERMIND" 4 месечен интезивен групен програм за скалирање на бизниспт кај бизнис менторката Теа Завацки од Хрватска, 2024
"Biznis arena" 6 месечен групен програм за жени претприемачки кај бизнис менторката Теа Завацки од Хрватска, 2023
"Radim po svom akademija" - академија за онлајн бизнис кај менторката Теа Завацки, 2023
"NLP Practitioner" едногодишен програм за НЛП практичар сертификација кај Зорица Поповска, НЛП Мастер тренер и мајндсет коуч, Сенсум тренинг и коучин центар, 2022
"Kickstart to be in control of your life" 4 месечна групна coaching програма кај coach Maya MJ, 2022
"Обука за развој на лидерски вештини" 3 месечна обука за развој на лидерски вештини во организација на Мотива - центар за менаџмент едукација и тренинг
"School of young leaders" 2 неделна програма за развој на лидерски вештини во организација на Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, Охрид, 2013
Биди во тек
Пријави се за ексклузивна содржина, препораки и идеи кои ќе ти бидат од помош во градењето на твојот личен бренд.