Планирај во склад со себе PRO

Планирај во склад со себе PRO

Планирај во склад со себе PRO

6,000 ден

Интерактивна полудневна работилница (20.12. ) за стратешко планирање за жени во бизнис.

Постави стратегија што не те исцрпува туку те поддржува.

Оваа работилница ја  добиваш како бонус  ако ја купиш АКАДЕМИЈАТА до 31.12.


Интерактивна полудневна работилница (20.12. ) за стратешко планирање за жени во бизнис.

20.12. од 11 до 17 онлајн на zoom. (снимка добивате по работилницата)

Работилницата е поделена во три јасни блока:

Блок 1 – Подготовка за планирање
Ги разгледуваме сите предуслови и околности во нашето моментално секојдневие. Извлекуваме
повторувања и грешки од минатото.

Кратка пауза од 15 минути

Блок 2 – Стратегија и акциски план
Поставуваме цели, одлучуваме што кога ќе биде фокус, одредуваме приоритети, поставуваме јасна
намера.

Пауза за ручек од 1 час

Блок 3 – Понуди, лансираньа и содржина
Ги планираме понудите и лансирањата за цела година. Ja поврзуваме содржината со продажбата.

Постави стратегија што не те исцрпува туку те поддржува.

Ти звучи ли ова познато:

  • Овој пат не се спремив добро, ај следниот пат.
  • Постојано сум во трка или нешто ми гори.
  • Сакам да лансирам нешто следната недела ама ништо не ми е спремно. (нема продажна страна, загревање на публика, план што ќе се комунцира)
  • Сакам да продавам нешто за нова година (во Декември почнува да планира)
  • Постојано нешто ad-hoc правам
  • Имам многу идеи ама никако не стигнувам да ги реализирам
  • Немам време за креирање содржина , немам време да работам на својот бренд,  немам време да си го средам профилот.
  • Правам од се по нешто тогаш кога ќе стигнам
  • Одмор земам ако најдам време негде измеѓу

Тоа значи дека цело време се занимаваш со ИТНИ наместо ВАЖНИ работи. 

А итните работи не исчезнуваат сами. Ги елиминира само навременото стратешко планирање.

✨ Што е Планирај во склад со себе PRO?

Премиум, интерактивна и практична работилница за:

✔ стратегиско планирање на 2026
✔ поставување продажни фази и понуди
✔ креирање годишна содржина и продажни прозорци
✔ баланс меѓу бизнис, семејство и приватен живот
✔ лесно, смирено и стабилно зголемување на приходите

Ова е начинот на кој јас работам со 1:1 клиентките.

Методата која:

→ им носи 1500€ месеци
→ им носи стабилни 4–6 месеци напред
→ ги смирува и организира
→ им дава јаснотија и прегледност за цела година

И прв пат ја отворам како групна, полудневна работилница.

Оваа работилница е за жени кои:

◼️ сакаат да престанат да работат од хаос
◼️ продаваат ама без систем
◼️ немаат континуитет
◼️ работат 300%, а резултатите не растат
◼️ се уморни од тоа секој месец да почнуваат од нула
◼️ сакаат 2026 да биде смирена, јасна и профитабилна година

На работилницата ќе планираме:
✔ понуди
✔ продажни циклуси
✔ содржина
✔ одмори
✔ големи проекти
✔ раст на приход
✔ лични капацитети и енергија

Не постои ниту една клиентка со која сме ги поставиле овие темели
а потоа да не ми напишала:

„Катерина, не ми се верува… СЕ ми се случи како што планиравме.“

На работилницата можам да примам САМО 20 жени зошто ми е важно да имаме мала група за да може секој да дојде на ред. 

🌟 Што добиваш?

✔ Полудневна практична работилница.

✔ Менторирање и прашања во врска со твојата стратегија во живо.

✔ Видео од работилницата.

🛒 0