Кате не те остава со теорија туку е тука и ти одговара на прашањата баш кога ти треба
Како едукатор, а истовремено и жена претприемач, често чувствувам дека сè е на мои рамена – и содржина, и маркетинг, и продажба, и финансии, и цели. И баш затоа ми требаше нешто што ќе ми помогне да не се изгубам во сето тоа. Кате не те остава со теорија, туку е тука – со примери, од срце, искрено, и ти одговара на прашањата баш кога ти треба. Советите се едноставни, применливи, реални – а даваат резултати. Ми помогна да си ги расчистам приоритетите, да си направам стратегија без паника и да си го водам бизнисот во склад со себе, да си поставам јасни цели за цела година без да се чувствувам преоптеретено што порано беше често за мене.Препорачувам!