Growcast e подкаст за оние што не чекаат можности, туку ги создаваат. Тука сум за да ти помогнам да изградиш бизнис, бренд и живот во склад со себе. Време е да го направиш следниот чекор!

Најнови Епизоди

Слушај на твојата омилена подкаст апликација

Testimonial

Не можам да ти опишам колку сум благодарна за сè што научив

Не можам да ти опишам колку сум благодарна за сè што научив. Сите сертификати и обуки немаше да вредат толку ако не ги поминев твоите обуки. Да, знаењето е битно, но ако не знаеш како да го пренесеш, никој нема да знае за тоа. И за никого тоа не е добро. Чувствувам огромна сигурност и среќа што започнав со ова. Благодарение на тебе и твоите обуки, сега работам нешто што навистина го сакам. Ми требаше поддршка и насока за да започнам и да знам како да го пренесам. Ти ми даде неверојатни ресурси од сите аспекти. Секој збор што го кажуваш е важен. Кога објавив првите неколку постови, сопругот ми рече дека вредело тоа што сум одела на обуки, било толку убаво, професионално, јасно, чувствително, со убави бои и текст што ја пренесува мојата автентичност. И околината го забележува тоа.

Марија Аџиоска

Психолог

Testimonial

Кате не те остава со теорија туку е тука и ти одговара на прашањата баш кога ти треба

Како едукатор, а истовремено и жена претприемач, често чувствувам дека сè е на мои рамена – и содржина, и маркетинг, и продажба, и финансии, и цели. И баш затоа ми требаше нешто што ќе ми помогне да не се изгубам во сето тоа. Кате не те остава со теорија, туку е тука – со примери, од срце, искрено, и ти одговара на прашањата баш кога ти треба. Советите се едноставни, применливи, реални – а даваат резултати. Ми помогна да си ги расчистам приоритетите, да си направам стратегија без паника и да си го водам бизнисот во склад со себе, да си поставам јасни цели за цела година без да се чувствувам преоптеретено што порано беше често за мене.Препорачувам!

Сандра Гакидев

сертифициран едукатор за породување и дула

Testimonial

Инпутот во групата е како за Mastermind

Целосен пресврт на тоа како го планирам контентот, свесност за персоната која ја креирам, многу полесно се чувствувам. Горда сум што почнав да собирам емаил адреси и што креирам контент без страв.

Најмногу ми се допаѓаат јасните информации, форматот (видео плус група). Аха момент за мене беше кога ја открив персоната за која креирам. Како загревам- ја освестувам полека персоната со едуцирање, а потоа продажба. Бесценето!

Кате ти си многу едуцирана, информациите ти се многу значајни и јасно поддржуваш и насочуваш. Дополнително си многу вклучена и адекватна. Фала ти.

Ана Јанкуловска

Психотерапевт и системски тренер Leaders land

Testimonial

Вистински насоки за да знаеш каде да се движиш

Буквално се, секој детал, секое објаснување, раскажување, пренесено искуство и знаење, баш секое споделено зборче од тебе беше корисно.

Добив дефинитивно огромна самодоверба и себепочит во се што и да намерам и правам и не само во бизнисот генерално и во приватниот живот- навистина фала ти премногу.

 

Премногу сум благодарна што дојдов во контакт со тебе и бев дел од твојата програма, заедно со толку извонредни жени и бев дел од ова врвно искуство кое ке ми значи и вреди целиот живот.

Валентина Стојанова Ристоманов

Сертифициран хата јога учител

Testimonial

Запознав прекрасна група на жени

Се пријавив затоа што верував во тебе и во твојата способност да пренесеш знаење. Плус веќе подолго време работам на градење на мојот личен бренд, истражувам за него, па се израдував што имам можност и на македонски јазик да посетам ваква програма.

Најкорисни ми беа домашните задачи кои инспирираа на акција. Кате ми остави впечаток на супер комуникативна, полна со знаење и желба да ги пренесеш сите информации на разбирлив начин. Полна со разбирање и трпелива за сите прашања и дилеми. После ова искуство се чувствувам одлично, супер мотивирано. Плус запознав прекрасна група на жени. Затоа и продолжив со работа во втората група.

Бојана Делидинкова

Дигитален креатор

Testimonial

Овде има енергија која буди и води

Преку извршениот предизвик зададен од страна на Кате и на мое огромно задоволство, Кате ми даде пристап до еден нов светоглед! Сега помалку се плашам да пишам што мислам јавно. Имам уште работа на тоа после но патот тргна во подобра и посамоуверена насока. Екстра добро би било кога би почнала да снимам и видеа со глас и лик. Не се плашам да ги повикам луѓето на акција и купување и повеќе размислувам за психолошкиот момент кај луѓето.

Препорачувам на секоја една жена која е човек од акција да започне да работи со Кате! Ова не е место за прокрастинација! Овде има енергија која буди и води.

Јана Иванова

Графички дизајнер

Testimonial

Добив огромна самодоверба и почит

Кате многу јасно ги дефинира работите, убаво знае да го пренесе своето искуство стекнато, за тоа се случува многу раст кај девојките од програмата, навистина прекрасен учител!

Заклучив дека растот зависи од нас и од нашата доследност и колку сме посветени.

Но сепак сфатив дека ти требаат вистински насоки за да знаеш каде да се движиш и на што да работиш за да растеш!

Нина Пинзоски

Сопственик на онлајн продавница за деца

Testimonial

Најголемите успеси доаѓаат кога сме во склад со себе

Се пријавив за да се унапредам себе си и да стекнам поголема самодоверба на социјалните мрежи. Во текот на програмот скоро се ми беше корисно но би сакала да ги издвојам и на и консултациите. Добив самодоверба да се појавувам со лик на социјалните мрежи.

Оваа соработка ми остави одличен впечаток затоа што Кате цело време беше достапна за комуникација во групата и неизмерно го споделуваше своето знаење.

Јулија Калишевска

Едукатор на програми во Школа за брзо читање и мудро учење - Центар

Testimonial

После програмот имам поголема храброст

Делот “содржина во склад со себе” без правила туку буквално креирање содржина без притисок ме привлече за програмата. Најкорисни во текот на програмот ми беа идеите за креирање содржина, за соработки, секој совет, техничкиот дел. После програмот имам поголема храброст и мотивација за склучување соработки, за јавен говор, за претставување на мојата услуга.

Кате ми остави впечаток на охрабрување, доверба и поддршка. Се чувствувам мотивирана за да ја претставувам мојата услуга

Сања Бошковска

системски coach

Testimonial

Се чувствувам многу исполнета и мотивирана

Како фотограф кој сакаше да го лансира својот бизнис и да креира квалитетна содржина, ова искуство беше целосно трансформативно за мене и мојот бизнис. Ми помогна да го разберам процесот на креирање содржина, да најдам свој уникатен глас и да ја насочам мојата енергија кон тоа што навистина е важно. Се пријавив затоа што бев во потрага по структуриран пристап за креирање содржина и лансирање на мојот бизнис. Преку модулите научив како да планирам и организирам содржина за да постигнам поголем ефект и да се поврзам со мојата целна публика. Сега можам да креирам содржина со јасна цел и намена, а не само да постирам за да постирам. Имам план и структура која ми помага да бидам доследна и организирана во моето работење. Имам самодоверба да го претставам мојот бизнис на автентичен начин. Ми помогна да го изградам мојот бизнис на начин кој е во склад со моите вредности и страсти.

Драгана Николоска

фотограф

Testimonial

После програмата се чувствувам исполнето, амбициозно и желна за уште повеќе!

Ме привлече ти со твоите најискрени мајлови и твојата желба да помогнеш на секоја една жена претприемач. И секако групите пред мене  најкорисна ми беше групата за поддршка и твоите совети поединечно на секоја од нас! После програмата можам да зборувам со лик на инстаграм без цензурии, да допрам до
семејство едно и да помогнам онлајн ама кога видов до колку допрев – желбата стана само поголема.

Само ќе кажам неверојатна си! После програмата се чувствувам исполнето, амбициозно и желна за уште повеќе!

Ангела Мирчевска Силингуис

Специјален едукатор и рехабилитатор

Testimonial

Програмот ми помогна уште првиот месец да успеам

Деталното објаснување на Кате во сите лекци е нешто посебно, тоа што е присутна за поддршка цело време и за нашите прашања. Корисни беа и pdf материјалите во секоја од лекциите. Јаснотија, цел, открив која е моја персона, кое е мое зошто, еден куп нови корисни информации, после овој програм знам дека никогаш нема да креирам содржина ради реда. Пресреќна сум што бев дел од програмот Креирај содржина во склад со себе.

Ми се сменија целите кои ги имав долгорочно направено, почнав работа од дома, добив и прв клиент. А за ова мислев ќе ми требаат месеци и месеци труд. Курсот ми помогна уште првиот месец да успеам. Го препорачувам од срце на сите жени претприемачи!

Марија Ѓорѓиевска

Виртуален асистент

Testimonial

Ова искуство ми даде насоки, храброст, сигурност, знаење, го зацврсти мојот став.

Долго време размислував дали да отворам канцеларија за консалтинг услуги со финансии или тоа да го направам на инстаграм и идеална прилика ми беше кога видов дека такво нешто постои и кај нас а посебно што Кате, ти го водиш цел процес. Незнам дали ќе можам да издвојам едно најкорисно нешто, но дефинитивно групата на жени во овој програм те предизвикува да растиш а со тоа и повеќе да учиш и осознаваш и секако да гледаш од повеќе страни на еден проект. Претходно немав воопшто знаење за Инстаграм и како функционира, сега можам да кажам дека стигнав до одредено ниво кое мене ми прави радост но и предизвик да научам повеќе а не да се откажам.

Имам прекрасен впечаток, што би сакала да трае. Ова искуство ми даде насоки, храброст, сигурност, знаење, го зацврсти мојот став.

Јасмина Христовска

финансиски консултант

🛒 0